Vlado Misajlovski
Денеска на Воената академија во Скопје, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, дел од министрите во Владата и директорите на безбедносните институции присуствувавме на завршната симулирана вежба која е дел од проектот за сајбер безбедност во Западниот Балкан, поддржан од нашиот сојузник, Обединетото Кралство.
✅ Проектот се состои од три модули во кои се изврши евалуација на капацитетите на владините институции, беа развиени сајбер безбедносни стандарди, а денеска се реализираше и обуката за обучувачи на која беше реализирана и симулираната вежба базирана на сценарио за сајбер напад.
